Културните институции со нови протоколи

Во Театар Куманово според важечките протоколи што ги донесе Владата од денеска започнуваат подготовките за претставата „Вообразениот болен“ која премиерно ќе биде изведена на крајот на октомври, вели директорот на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

Вкупниот број на публиката кој ќе може да биде во салата на театарот, според новите протоколи  е 50 луѓе.

– Се подготвува „Вообразениот болен“ со режисерката Драгана Гунин, при што ќе бидат запазени и сите протоколи за актерите. Режисерката рече дека ќе работи во група, ќе направи протоколи за нив, ќе носат заштитни маски, ќе се користат средства за дезинфекција така што се надеваме дека крајот на октомври да излеземе со премиера на „Вообразениот болен“.

Според новите протоколи, во внатрешен простор капацитетот на салата да биде исполнет 30 проценти, така што според пресметките што ги направивме за да се задржи физичка дистанца, за да бидат запазени сите протоколи во зградата на театарот се 50 луѓе, а во салата на центарот за култура се околу 110 луѓе според важечките протоколи кои се донесени, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“

Протоколите ќе се почитуваат и во центарот за култура каде што во наредниот период ќе се организираат ликовни изложби, промоции на книги, поетски читања, фестивалот „Денови на комедија“.

-На пример,  во фоаје од 100 метри квадратни ќе може 12 луѓе да влезат во фоајето, така што фоајето на центарот за култура е 200 метри квадратни, доколку одиме со бројки тоа би било околу 24-25 луѓе за изложба зборувам и за сите други настани, промоција на книги и сл. Кога организираме надвор други се важечки протоколи, а за внатре важат важечките протоколи што ги донесе Владата,  изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“

Според протоколите, на посетителите ќе им биде мерена температура пред влезот во установата, ќе се врши  дезинфекција на рацете, задолжителни се и   заштитните маски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)