Кумановец во притвор, осомничен за криумчарење

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Скопје-1, го лишиле од слобода И.Ф.(49 години) од Куманово. Тој се барал со потерница за издржување на изречена мерка притвор поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)