Кумановец кривично ќе одговара за предизвикување општа опасност

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 24-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност”, информираат надлежните.

Според СВР Куманово, на 31 декември минатата година во авто-лакерска работилница, сопственост на А.Б., по претходна расправија со него и со друго лице, пријавениот со тврд предмет ги скршил прозорските стакла од работилницата, а потоа предизвикал пожар во возилото на А.Б..

Коментари

коментар(и)