Кумановец нападнат од колега

57 -годишен жител на кумановското село Бељаковце пријавил во полицијата дека додека бил на своето работно место во фирма во местото викано „Пашина Воденица“ во Крива Паланка бил физички нападнат од С.Ј. од Куманово, исто така вработен во фирмата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)