Кумановец осомничен за тешка кражба

Триесетгодишен кумановец е осомничен дека извршил кривично дело „тешка кражба“ во Скопје, информира полицијата. Како што потенцираат, по преземени мерки и активности било констатирано дека сторител на делото е М.З.(30 години) од Куманово, кој е на издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. – Со него бил извршен службен разговор во казнено-поправната установа, при што го признал делото, велат од МВР. Од него биле одземени и предмети поврзани со кривичното дело.  По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик, стои во соопштението.

Коментари

коментар(и)