Кумановец повреден во сообраќајка во Скопје

На 25.04.2021 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Перо Наков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Д.(32) од Скопје и патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(32) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, мотоциклистот и сопатникот В.С.(31) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле Д.П. и сопатничката од истото возило Н.П.(33) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коментари

коментар(и)