Кумановец приведен во казино

Кумановец бил приведен викендов во казино бидејќи се однесувал недолично кон полициски службеници.

Според МВР, на петти март во 03.00 часот во казино во Куманово, полициски службеници  привеле 32-годишен жител на село Сопот, кумановско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)