Приведено 27-годишно лице, осомничено дека на 1-ви месецов извршило кражба во луна парк, информира кумановската полиција.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода С.Д. (27 години) од Куманово. Тој се сомничи дека во луна парк на булеварот Октомвриска Револуција извршил кражба и одзел личен предмет од едно лице. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. С.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.