Кумановец прогласен за најуспешен практикант од УНДП

Кумановецот Александар Спирковски е прогласен за еден од најуспешните практиканти во општо корисна работа од претставници на УНДП. 27 годишниот практикант сработеното во областа на проектите од општо корисна работа во Куманово неодамна го презентираше на Меѓународна конференција во Охрид во организација на УНДП ,  насловена „Подобрување на услугите на лицата со попреченост“.

-Од 2013 година се вклучив  во Програмата –општо корисна работа во еден од проектите каде работев како професор по адаптибилно физичко образование , работев во три проекти од општо корисна работа. Благодарејќи на Општина Куманово, градоначалникот, секторот за социјална заштита, двата проекти беа продолжени на времетраење на уште шест месеци каде децата со посебни потреби имаат можност континуирано да спортуваат последниве неколку години. Работев како професор по адаптибилно физичко образование каде имав искреирано две програми кои практично ги имплементирав, едната беше за децата со посебни потреби од предучилишта возраст , другата за децата со посебни потреби за возрасните категории, значи за секоја дијагноза, конкретни вежби беа реализирани на часовите,изјави Александар Спирковски

Младиот практикант посочува дека спортот како еден од факторите за социјализација е многу битен не само за лицата со посебни потреби туку и за останатите органзиаирани групи во опшетството. Но, за оваа категорија граѓани вежбите се од особено значење поради тоа што тие најчесто се дома во хоризинтална положба  и не се се многу активни.

-Има дел од децата кои првпат се среќаваат со предметот физичко образование , првпат изведуваат вежби, морам да напоменам дека самата адаптација во салата првиот контакт во сала беше малку застрашувачки за нив бидејќи објектот беше затворен , децата потешко се адаптираа , но после неколку месеци во период од два три месеци часот изгледаше најнормално децата се адаптибираат , убаво можевме да направиме крукче да ги изведеме вежбите и практично да се изведуваше наставата по адатибилно физичко образование, изјави Спирковски.

Спирковски ќе продолжи мотивирано да работи во областа на Социјална инклузија , а планира и подлабоко да навлезе  во науката.

-Добро е што во нашата држава постојат такви организации како што ундп, усаид, уницеф, кои многу вложуваат во развојот на социјална инклузија и го ценат сработеното , на практикантите им даваат значење што за мене беше голема мотивација подлабоко да продолжам во мојата област да се насочувам, изјави Спирковски.

Дипломираниот професор по физичко образование, Александар Спирковски на само 27 години е магистер по кинезиологија, автор на четири научни трудови објавени во меѓународни списанија, со завршена обука за глувонеми деца во Турција, обука за менаџирање на невладини организации , односно дневни центри во Брисел . Младиот практикант минатата година влезе и во најтесниот круг за избор на најмлад научник на РМ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)