Кумановец се обесил во Стари лозја

Седумдесетгодишен кумановец утринава се обесил во населбата Стари лозја. Несреќата се случила околу 11 часот, откако старецот од дома  заминал на неговата нива. Додека никој не го видел се поткачил на едно од дрвјата и си го одзел животот. Несреќниот човек го пронашле соседите кои веднаш ја известиле полицијата. Безуспешни биле нивните обиди да му помогнат.

Била повикана и итна помош, но лекарите само ја констатирале неговата смрт. Соседите велат дека починатиот бил полицец во пензија, кој често доаѓал во нивната населба и не се жалел на здравствени проблеми.

Тие во шок и со жалење велат дека го паметат како мирен и добар човек, а не им е познато зошто посегнал по сопствениот живот. Од полицијата потврдија дека случајот е пријавен, и дека се работи за самоубиство.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)