Кумановка платила, но не добила огревно дрво

67-годишна жена платила но не добила огревно дрво. Случајот утринава го пријавила во Секторот за внатрешни работи. Навела дека била измамена од лице за сума од 5.000 денари. Според пријавеното, откако лицето ѝ понудило огревно дрво и таа му ги платила парите, тоа заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило, стои во извештајот од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)