Кумановка пријавила кражба од гробно место

Педесет и петгодишна кумановка вчера во Секторот за внатрешни работи Куманово пријавила дека од гробното место на нејзиниот сопруг, на градските гробишта, непознат сторител одзел повеќе предмети.

Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово и се  преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)