Кумановка ја освои титулата вешта жена

Кумановката Габриела Петровиќ викендов во тетовското село Лешок ја освои титулата вешта жена на Македонија.  Со подготовка на мексиканско ќофте и лесна торта таа победи на државниот натпревар. Вели дека конкуренцијата била силна и сите жени биле подготвени да го покажат тоа што го знаат.

-Јас не очекував некоја награда бидејќи прв пат учествувам на вешта жена, прв пат во Куманово што имаше општински натпревар освоив прво место за да влезам во републичкиот натпревар. Така што конкуренција беше јака и мислев дека некое трето место можеби и дека нема да освојам-истакна таа.

Иако по професија таа е конфекционер, вели дека го сака кулунарството. Раскажува дека особено сака да готви слатки и да обликува фигури со локум, бидејќи го сака вајарството.

-Прописите беа да биде зготвено јадењето од дома, да не биде ништо украсено само така приготвено да го однесеме таму да го довршиме, да го украсиме-нагласи Габриела.

Таа додава дека рецептот за мексиканското ќофте го дознала од списание, но потоа малку го изменила. Габриела нагласи дека не знае дали во иднина ќе учествува на други натпреварување, но сигурно ќе продолжи да готви. Според неа секоја успешна вешта жена треба пред се да поседува желба за готвење, но и уметност. Инаку на натпреварот во Тетово учествувале 19  жени на ниво на државата. Повеќето учеснички подготвувале македонска храна, но имало и руски национални јадења.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)