Куманово без вода и летово ?

Водостопанство бара од Водовод да го плати заостанатиот долг за потрошена вода за да се одржува водоснабдителниот систем, бидејќи поради големите дефетки и губењето на водата по системот за наводнување Куманово по два месеци може да остане без вода.  Моменталните резерви на вода се над 20 милиони кубни метри, што е доволно за околу два месеци доколку не се интервенира на системот.

Емрла Укшини, раководител на сектор за одржување во Водостопанство информира дека тие од 15 април имаат законска обврска да го пуштат системот за наводнување, па резервите од 20 милиони ќе паднат на 4 и градот ќе остане без вода. Од претпријатието со став дека не станува збор за политички притисоци, туку локалната самоуправа и раководството на ЈП Водовод треба што поскоро да предложат програма за санација и да си ги плаќаат заостанатите сметки за вода.

-Со неплаќање на долгот се доведува во прашање функционирањето на Водостопанство и ако продолжи вака ќе го доведе во прашање и водоснабдувањето Од аспект на Водостопанство и обвинувањата сакам да потенцирам дека договореното од кај министерот Михаил Цветков не се испочитува од страна на Водовод, а тоа беше потпишување на договор во кој требаше да се дефинира цената, начинот и динамика на испорака на вода. Ние доставивме договор за цената и баравме потпишување на истиот, но тие договорот не го потпишаа – вели Директорот на Водостопанство Филип Филиповски.

Директорот дообјаснува дека ЈП Водовод им должи милион и триста илјади евра, а на ЕВН милион евра што според него претставува сериозен проблем во пресрет на летниот период, кога количините за вода се ограничени.

Коментари

коментар(и)