Кумановци се задоволни што градот блеска во новогодишен сјај. Велат дека овој пат за разлика од претходните години, со различните украси и светилки, навистина е доловена новогодишна атмосфера, поради што градот наликува на светските метрополи. Најмногу внимание им привлекува новата шестметарска елка која го разубавува Градскиот плоштад, како и големата фонтана.
Додаваат дека им се доаѓаат и украсите кои се поставени на булеварите Трета МУБ, Октомвриска револуција, дел од улиците 11-ти октомври, Народна револуција и Доне Божинов.
-Навистина има разлика и оваа година е многу убаво украсено-велат граѓаните.
За годинешното украсување на централното градско подрачје беше задолжена скопската фирма Линк медија плус, а за оваа цел општината одвои милион ипол денари. Од општината велат дека граѓаните на Куманово, особено младите имаат можност да уживаат во новогодишен амбиент.
-Во пресред на новогодишните празници кои се ближат тоа се чувствува во целиот град почнувајќи особено од она што е атмосферата во градот а тоа го гледаме со самото украсување на градот. Оваа година и по барање на граѓаните и од страна на локалната самоуправа се издвоени финансиски средства за закитување на градот и преку јавното претпријатие Паркинг целиот град е закитен-нагласи Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово.
Инаку и годинава на малиот Градски плоштад, пред Центарот за култура е сместено новогодишното пазарче. На него како и претходните години може да се најдат честитики, балони во различни бои, лампиони, елки и слично.
Но, тезгаџиите се жал дека годинава значително е намалена продажбата. Велат дека иако остана само една недела до Нова година, луѓето се уште не се заинтересирани за купување-