„Куманово гас “ со намалени приходи поради ковид кризата

„Куманово гас“  е едно од најпогодените од ковид кризата со оглед на фактот што од март месец годинава јавното претпријатие нема нормална  дистрибуција на природен гас. Директорот Никола Денковски, зборувајќи за тримесечниот извештај за финансиското работење на претпријатието на последната седница на Советот, потенцираше дека речиси сите поголеми потрошувачи на природен гас во градот од март наваму работат со ограничен капацитет, а градскиот базен неколку месеци воопшто не функционираше.

– Сите поголеми потрошувачи од типот на детски градинки, основни училишта, средни, градскиот базен кој е еден од најголемите потрошувачи воопшто не работеше овој период , од десетти март па и до ден денес и денеска што работат тие работат со некој ограничен капацитет, кој што се разликува од периодот , кој што исто јас лани го раководев и овој период тие се тие приходи. Што се однесува до контото за приходи по основ на приклучок мислам дека на претходната седница ние го дискутиравме ова. Во текот на 2019-та година, мислам дека август беше имаше измена на Законот за градење. Согласно тие измени требаше да биде донесен Правилник за формата и содржината на барање и проектна документација како да изгледа за да можат да добијат од Секторот за урбанизам одобрение за приклучување. До ден денешен, мислам дека таа измена се случи во септември месец 2020 –та година како резултат на тоа ние не можевме да приклучуваме. Значи сите барања кои што пристигнаа од потрошувачите, значи законски ние бевме исечени, рече Никола Денковски, директор на ЈП „Куманово гас“

Денковски дообјасни дека од 2019 -та година до септември месец годинава согласно тој Правилник кој што не бил излезен, за сите барања кои што се аплицирале во Секторот за урбанизам, претпријатието „Куманово гас“  не можело да добие одобрение за приклучување на тие корисници поради што се бележи намалување на приходите.

Инаку, директорот информира дека пред две години  „Куманово- гас“  го затекнал како претпријатие со речиси 9 милиони денари обврски, кои што во моментов,  според него,  изнесуваат само 100.000 денари. „Платите за разлика од порано се исплаќаат редовно , но и сите обврски спрема државата по основ на даноците и другитедавачки редовно се сервисираат“, вели Денковски. Тој укажа и на податокот дека откако го превзел претпријатието сите трошоци кои што биле надвор од нормалното функционирање на претпријатието биле максимално скратени , како резултат на што во првите два квартала од неговото менаџирање , „Куманово –гас“ остварило добивка во износ од  650.000 до 700.000 денари. Со околу 6 милиони денари,  годинава иако нема направено приклучоци, сепак е изградена нова дистрибутивна мрежа во должина од 2,5 километри, а ќе продолжат и субвенциите за приклучок на гас во Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)