Куманово го пречекува Работнички без публика

Куманово утревечер го пречекува тимот на Работнички во кумановската спортска сала. Натпреварот ќе биде одигран без присуство на публика, поради поголема безбедност на граѓаните. Ова е одложениот натпревар од деветото коло на кошаркарската Суперлига кој требаше да се одигра на 13 мај, но беше презакажан поради вооружените напади во Куманово на 9ти и 10ти месецов.Овој меч нема натпреварувачко значење, бидејќи веќе се познати полуфиналните двојки за натпреварување во кошаркарскиот шампионат.

Кошаркарите на Куманово сметаат дека отсуството на граѓаните и навивачката група Кумани дополнително ќе го отежне утрешниот натпревар, но тие се спремни да дадат се од себе за подобар пласман на тимот.

-Сигурно ќе биде отежнато, но и тој меч нема ни е од некое натпреварувачко значење, но ќе го искористиме за да се подготвиме подобро за во петок кога, според мене, сигурно ќе биде утакмица на сезоната, изјави Владимир Филиповиќ, кошаркар

-За натпреварот во вторник, мораме да дадеме се од себе, да сфатиме поозбилно за да не дојде до некоја повреда или слично и што подобро да се подготвиме за натпреварот во петок, кој го играме на гостински терен и ќе биде напорен, вели Саша Аврамовиќ, кошаркар.

Веќе познати се четирите тима кои ќе учествуваат во полуфиналните серии од плејофот. Во првото полуфинале, МЗТ Скопје ќе игра против Фени, а првата средба ќе се игра на теренот на скопската екипа.

Куманово и Работнички ќе се сретнат во другото полуфинале во петок, а последните два натпревари на овие два тима во Суперлигата ќе одредат кој ќе влезе во серијата со предност од домашниот терен.

-Тежок меч ни претстои, се знаеме  двете екипи и нема многу тајни. Ние идеме на победа, сите играчи се спремни и се фокусирани на мечот кога е и најважно. Јас верувам во оваа екипа, верувам во тренерот, вели Филиповиќ.

-Поентата е само да останеме во предност во текот на целиот меч и на крајот да се случи победата, последните пет минути. Доколку дојде до нерешен резултат, 2-3 топки можат да одлучат се, изјави Аврамовиќ.

Инаку, во натпреварот од 10то кој се одигра во сабота, помеѓу тимовите на Куманово и Фени Индустри, кумановци го победија тимот од кавадарци со резултат од 91:92 Мечот, започна со предност на домашниот тим, кој го диктираше темпото и поведе со 26:15, но во вториот период кумановци ја подобрија својата игра  со што го поставија резултатот од 45:44.

Третиот период беше изедначен, додека во последниот, кумановските кошаркари покажаа поголема ангажираност. Пресвртот настана на крајот на мечот кога домаќините постигнаа негатива од три поени, но во серијата слободни фрлања, кошаркарите на Куманово го поставија крајниот резултат од 91:92.

Најистакнати кошаркари од домашниот тим беа Брендон Вуд со 18 и Анте Машиќ со 13 поени, додека од редовите на Куманово, најефикасни беа Александар Костоски со 23 поени и Урош Луковиќ со 18 поени.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)