Куманово го пречекува Работнички

Кошаркарите на Куманово утревечер со почеток во 19 часот на домашен терен ја стартуваат новата сезона во кошаркарската прва лига на Македонија. За прв противник го имаат силниот состав на Работнички.

Со квалитетен ростер предводен од тренерот Игор Михајловски Куманово нема да атакува на првото место во табелата, но ќе се обидат да го задржат врвот и да се борат за место меѓу најдобрите.

Освен стандардната основа од македонските играчи, репрезентативното дуо Караџовски и Јанески, тука е Никола Караколев, на центарската позиција ќе се најде Александар Шетрјов.

Од странските играчи освен американскиот плејмејкер Грифин Раме, тука се и српските интернационалци Мирко Ковач и Немања Милојковиќ.

Голем потенцијал се гледа и во подмладокот на составот, на кој тренерот Михајловски оваа сезона ќе им овозможи поголема минутажа. Тука се Ненад Стојановски, Ѓорѓи Георгиевски и Миодраг Тодоровиќ.

Роберт Абрамовиќ иако го потпиша договорот сепак се предомисли пред почетокот на тренинзите, потпиша за Теодо.

Вкупно дванаесет екипи ќе се натпреваруваат во првиот дел од домашното кошаркарско првенство, а Македонската кошаркарска федерација ги соопшти паровите за првото коло од новата сезона, а кога таа ќе започне се уште не е познато.

Куманово го доби Работнички како прв противник оваа сезона, а освен овие два клуба од минатата сезона остануваат МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи, Фени Индустри, АВ Охрид, Струмица и Кожув. Од втора лига преминуваат Гостивар и Радовиш (на чие место ќе игра новиот клуб Блокотехна). Со зголемување на бројот на екипи, место во првата лига има и за Пелистер и Шкупи.

КК Куманово оваа сезона исто така ќе зачекори повторно на балканската кошаркарска сцена преку БИБЛ лигата, каде минатата сезона освои сребрен медал.

Коментари

коментар(и)