Куманово го совлада тимот на КК Струмица на гостински терен

Кошаркарскиот клуб Куманово го совлада тимот на КК Струмица на гостински терен 80 – 70 во натпреварот од дваесет и петтото коло и ја потврди фаворитската улога на натпреварот. Во текот на првата полусезона Куманово имаше проблеми со екипата на Струмица така што во натпреварот од петтото коло кој што го одигра на гостински терен тимот изгуби 101 – 93. Во вториот натпревар Куманово се одмазди за поразот и победи со 41 поен разлика 94 – 53. Во втората полусезона мечот против Струмица беше првиот натпревар за тренерот Марјан Србиновски на клупата на Куманово. Натпреварот заврши 79 – 53 за Куманово. Оваа победа е втора за Србиновски против КК Струмица како пристигна во редовите на Куманово.

Најдобар играч на натпреварот беше Бојан Трајковски кој постигна 19 поени и 7 скокови. По заминувањето на Жарко Ракочевиќ од тимот по натпреварот со Кожув од деветнаесетото коло, пет кола по ред Трајковски е најдобриот поединец на теренот без разлика дали Куманово губи или победува. Од редовите на Куманово во однос на реализацијата своја вечер имаа и крилото Вукашин Мандиќ со 16 и Ненад Мишановиќ со 14 поени. Капитенот Александар Костовски имаше најмногу асистенции, вкупно 10. Од редовите на КК Струмица најдобри поединци беа крилниот центар Томчо Соколов кој постигна 16 поени и центарот Мрѓан Марковиќ кој беше најдобар под кошевите со 8 скокови. Во вкупната статистика Куманово беше подобар во постигнати поени од поле, во скокови, постигнати асистенции, блокади и украдени топки. Од друга страна Струмица имаше подобар процент на реалицирани обиди за три поени и од линијата за слободни фрлања.

Во однос на четврините Куманово доби три од четири, со што третата четвртина заврши нерешено. Во првата четвртина Куманово како и на секој натпревар од втората полусезона постигна најголем број на поени, вкупно 25, а тимот на Струмица постигна 17. Куманово имаше сто процентна реализација под противничкиот кош, половичен учинок од поле и една третина погодени обиди за три поени. Од друга страна Струмица имаше десет обиди за три поени од кои уфрли само четири, од четирите обиди од поле погоди само еднаш и еднаш реализираше под кошот на Куманово.

Втората четвртина Куманово ја доби со резултат 17 – 16. Тимот продолжи со добрата игра под противничкиот кош, но го намали бројот на постигната кошеви од поле. Исто така шутот за три поени не беше на задоволително ниво со што Куманово од шест обиди погоди само еднаш. Тимот на Струмица почна да игра преку високите Марковиќ и Соколов под кошот, но имаше поразителен учинок од обидите за три поени.

Во третата четвртина Куманово продолжи со доминацијата под кошот на противникот, но не успеа да погоди од поле. Од друга страна тимот на Струмица продолжи со играта под кошот на Куманово, но со голем број на промашувања.

Во последната четвртина Куманово во играта од поле погоди еднаш од еден обид. Имаше максимален учинок под кошот на Струмица, но потфрли во обидите за три поени. Погоди само еднаш од шест обиди. Тимот на Струмица продолжи и во последната четвритина да игра под кошот на Куманово. Трите обиди на тимот за три поени беа безуспешни.

Во другите натпревари од дваесет и петтото коло МЗТ Скопје го совлада Кожув на гостински терен 61 – 54, Фени Индустри дома го победи Работнички 108 – 93, а Карпош Соколи сигурно победи против Бест, 86 – 48.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)