Куманово е најзагаден град – дури 7 пати повеќе од дозволеното

Мерните станици за квалитет на воздухот покажуваат висока загаденост. Имено, вчера најзагадена општина беше Куманово со 380 ПМ 10 честички на метар кубен или дури 7 пати повеќе од дозволеното.

Веднаш по Куманово, е општина Битола со 200, како и општина Тетово со измерени 181 ПМ 10 честички на метар кубен.

Енормното загадување на воздухот, што е составен дел во сите предизборни кампањи, и понатаму ги загрижува граѓаните, особено во последниов период кога дополнително не можат да се издишат, носејќи маски. Една убава стратегија за решавањето на овој горчлив проблем, на сите нас би ни била повеќе од добредојдена.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)