Куманово загуби на првиот натпревар против МЗТ

На првиот натпревар од финалната серија на Супер лигата, кумановските кошаркари на гостински терен загубија од екипата на МЗТ Скопје со резултат од 94-79.

Причината за поразот е лошиот старт на кумановци на почетокот на мечот. Кошаркарите на МЗТ ја завземаа предноста уште на самиот почеток на натпреварот, а нивниот офанзивен скок во стартот ја постави големата предност во нивна корист која кумановци не успејаа да ја постигнат до самиот крај.

Со 12 поени разлика, МЗТ го заврши првото полувреме, па од Куманово се очекуваше одговор во продолжението во кое домаќините ја поставија и најголемата разлика од 21 поен. До самиот крај на натпреварот, кумановци не успејаа да намалат на помалку од 9 поени негатива, што доведе до победа за МЗТ во првиот дуел со 15 поени разлика. Најефикасниот поединец од редовите на домаќинскиот тим со постигнати 25 поени беше Стефан Синовец, додека за Куманово со постигнати 20 поени, најистакнат беше кошаркарот Александар Костоски.

За пофалба се кумановските навивачи кои вчера во голема бројка присуствуваа и дадоа поддшрка на своите кошаркари во Спортскиот центар Јане Сандански.

Следниот дуел, помеѓу двете екипи ќе се одигра утре во кумановската спортска сала со почеток во 19 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)