Куманово и без публика го победи Работнички

Кошаркарите на Куманово без публика, на домашен терен, синоќа го победија Работнички на одложениот натпревар од 9-то коло со резултат од 108-98 по продолжението.

Ниту една екипа не успеја да завземе значителна предност во текот на целиот меч, со што крајниот резултат беше неизвесен. Поради тоа се одигра продолжен период во кој Кумановци се истакнаа со резултат од дополнителни 18-8 поени.

Во празната сала во Куманово најефикасен беше Тодор Гечевски со постигнати 26 поени, додека во победничкиот состав Бранислав Ѓекиќ со 21 поен, Урош Луковиќ и Александар Костоски со по 19 поени, беа најистакнатите кошаркари.

Овој меч на двете екипи им послужи како загревање за натпреварот во петок, на кој Куманово му гостува на Работнички во „Градски Парк“, кадешто започнува полуфиналната сесија од плеј-оф натпреварите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)