Куманово и Гњилане со нови два проекта

Градоначалниците на општините Куманово и Гњилане, Максим Димитриевски и Љутви Азири денеска остварија работна средба во врска со потпишаните договори во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и нашата држава. Договорите се однесуваат на два проекта „ Зајакнување на вредностите на културното и природното наследство “  и „Одржливи еколошки и здравствени придобивки во прекуграничната област“. Проектите се со вкупен износ од над милион евра, информираат надлежните. 

-Едниот се однесува на „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство“  во општините, со вкупен износ од 477.000 евра, а се однесува на изградба на игралишта, амфитеатар, трим патеки и други содржини од интерес на граѓаните на локација Спомен костурница  во Куманово. И вториот проект за „Одржливи еколошки и здравствени придобивки во прекугранична област“ , во кој што проект покрај општините,  партнери се и јавните претпријатија „ Водовод“  Куманово и јавното претпријатие „Хидроморава“  од Гњилане. Овој проект е со вкупен износ од 553.000 евра и се однесува на комплетно решавање на подземна инфраструктура на улица „Братство – единство“ , односно потегот од Градска џамија до автобуска станица.

Паралелно со тоа дополнителни средства се обезбедени и за набавка на повеќе од 150  контејнери за отпадоци, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Двата проекта ќе придонесат за јакнење на прекуграничната соработка , но и подобри услови за живот на граѓаните од регионот, посочи градоначалникот Азири.

Димитриевски најави дека долгогодишната соработка со Општина Гњилане ќе биде крунисана со потпишување на документ за збратимување меѓу двете општини на десетти ноември годинава, со оглед на тоа што претходно општините имаат потпишано два Меморандума за соработка за унапредување на соработката.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)