Куманово користи стар и неисправен апарат за мамографија

Општата болница во Куманово користи мамограф од 1986 година кој е технички неисправен. Од одделението за ренген дијагностика објаснуваат дека имаат едуциран кадар но поради неисправен мамограф не се во состојба да се вклучат во Националната скрининг-програма за рано откривање на рак на дојка која започна да се спроведува во 17 градови низ земјава. Министерството за здравство е  запознаено со случајот и им било ветено дека во иднина  Куманово ќе добие нов апарат. Според лекарите организираниот мамографски скрининг е една од најзначајните мерки за рано откривање на рак на дојка кое е најчесто малигно заболување кај жените На одделението за ренген во Куманово неделно мамографски скрининзи прават од 30 до 40 жени, а од нив во просек до 2 жени се заболени од карцином на дојка.

-Имаме мамограф од 1986 година и тоа е донација, не знаеме колко бил употербуван, a во Куманово е од 1996 година така да максимално е искористен и работиме со негови последни сили. За да се вклучиме во скрининг програмата немаме добар мамограф . Персонал и кадар имаме сите радиолози и технолози се едуирани но немаме опрема за да го спроведеме овој проект во Куманово, вели Славица Јакимовска специјалист по радиодијагностика во ЈЗУ Општа болнива Куманово.

Според статистичките податоци најголем број на жени кај кои е дијагностициран рак на дојка се од 40 до 60  годишна возраст. Доктор Јакимовска пак, објаснува дека карцином на дојката не познава возрасна граница бидејќи има дијагностицирано рак на дојка кај 8 годишни девојче и жени над 85 годишна возраст. Таа потенцира дека  ракот на дојката може да се јави и кај мажите   над 60 годишна возраст.

-Освен скринингот треба да се направи и самопреглед на дојка на 5-от ден од почетокот на минструалниот циклус. Има брошури на интернет како се прави пред огледало.. Самопреглед на дојка е еден од начините за рано откривање на ракот на дојка, вели Јакимовска.

Од ренген дијагностика објаснуваат дека карциномот на дојката од 95 до 98 насто е излечлива болест како резултат на добрата терапија. За жал на одделението за ренген во Куманово има случаи на неколку починати пациентки од метастази на карцином на дојка, а бројот на заболени  постојано е во пораст.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)