„Куманово- паркинг“ со позитивно салдо

Јавното претпријатие „Куманово –паркинг“ минатата година ја заврши со позитивно салдо. Според директорот Фадиљ Шабани, најголем финансиски приход претпријатието остварило во четвртиот квартал од работењето.

-Добивката од последниот квартал за работа во 2014 година е над три милиони денари, а цела година е плус 100.000 денари. Многу е важно што конечно покрај сите тешкотии успеавме да излеземе во позитива, изјави Фадиљ Шабани, директор на Ј.П. „Куманово-паркинг“

Дел од советниците со забелешки за одржување на јавното осветлување во градот. Директорот Шабани смета дека и покрај тоа штo во време на изборите имале законска пречка за објавување на тендер, сепак поголемиот дел од градот, приградските населби и неколку села соодветно се осветлени.

-Јавното осветлување не е најубаво во градот.  Ние сакаме Куманово да биде современ, европски град, кој што покрај сето друго треба да има и одлично осветлување, изјави Драги Караџински, советник од ГРОМ

-И покрај тоа што имаше избори редовно им се наплаќаа на граѓаните сметките за јавно осветлување. По тој критериум ако гледаме треба во години кога има избори граѓаните да плаќаат половина од јавното осветлување и години кога има избори да одат по темни улици, мислам дека тоа воопшто не држи, изјави Драган Петковски, советник од ВМРО ДПМНЕ

И директорот на „ Куманово –паркинг“ и најголем дел од советниците се согласуваат  дека врз позитивното работење на претпријатието многу влијаело изземањето на ресторанот Пелинце и кафе барот Кеј и нивно префрлување во надлежност на  „Чистота и зеленило“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)