„Куманово-паркинг“ ќе купи ново пајак возило

Да се подобри и прошири јавното осветлување во градот и околината, замена на постојните светилки со штедливки, поставување на светлосни сензори, ставање во функција на зоната Б и Ц за зонско паркирање како и намалување на цената за паркирање беа дел од забелешките на советниците при денешното усвојување на програмата за работа и за одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на јавното претпријатие „Куманово -паркинг“.

Советниците ги интересираше и колку е рентабилна пајак службата  и дали навистина има потреба да се купува ново пајак возило. Валентина Јовановска, советничката  од ВМРО ДПМНЕ со забелешка за предвидената изградба на монтажна гаража во програмата на „ Куманово -паркинг“.

Директорот на јавното претпријатие „Куманово- паркинг“ Фадиљ Шабани вели дека прават натчовечки напори за подобрување на осветлувањето не само во централното градско подрчје туку и во околните населени места.

-Како и секоја година и оваа година од страна на општината ќе бидат обезбедени 14 милиони денари за улично одржување, 3 милиони денари за нова градба и 4 милиони за реконструкција. Во нашата програма има предвидено купување на нова пајак служба  меѓутоа тоа нема да зависи директно од нас од јп тоа ќе зависи од општината дали ќе ни ги одобри тие средства бидејќи за една пајак служба треба  да има околу 6-7 милиони денари , а за машина за обележување на паркинг простори и оваа година имавме доста критики за обележување иако ние не го вршевме обележувањето меѓутоа сепак критиките беа дека ние стопанисуваме со таа работа, изјави Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Куманово-паркинг“

Програмата на „Куманово -паркинг  “ доби критики и во врска со средствата од еден ипол милион денари предвидени за новогодишното украсување на градот. Директорот Шабани  одговори дека Куманово до минатата година важел за еден од најнеукрасените градови во државава. Годинава се земени во предвид критиките од граѓаните, но и од советниците поради што се предвидени пари за нови украси. Тендерот за украсување на градот го добила скопска фирма со која договорот ќе се потпише утре и како што вели директорот Шабани, ќе настојува веднаш да го започнат украсувањето.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)