Куманово подготвено за ракометниот спектакл

Куманово е подготвено за ракометниот спектакл кој ќе се одржи викендов. Имено во Спортската сала од 9-ти до 11-ти мај, ќе се одржат завршните Ф4 турнири од Купот на Македонија во ракомет во женска и машка конкуренција. Организатори на завршните турнири се општина Куманово, Женски ракометен клуб Куманово и Ракометната федерација на Македонија.

По повод 90-годишнината од формирањето на Женскиот клуб Куманово, како прва ракометка екипа во Македонија, како и 500-годишнината на Куманово, во Спортската сала од 9-ти до 11-ти мај, ќе се одржат завршните Ф4 турнири од Купот на Македонија во ракомет во женска и машка конкуренција. Организатори на завршните турнири се општина Куманово, Женски ракометен клуб Куманово и Ракометната федерација на Македонија.

-Ќе ја имаме таа чест да ги угостиме најдобрите четири тима во машка и женска конкуренција и се надеваме дека ќе дојдеме до трофејот по подолго време во Куманово, кога е во прашање и женскиот ракомет, бидејќи токму ЖРК Куманово е еден од фаворитите во битката за највисок пласман и во шампионатот и во Купот на Македонија, рече Бошко Тасиќ,

Право да се борат за драгоцениот пехар изборија скопските екипите ЖРК Вардар СЦЈС и ЖРК Металург, ЖРК Стружанка од Струга и домаќинот ЖРК Куманово во женска конкуренција, додека во машка конкуренција се ќе се натпреваруваат РК Еурофарм Битола, скопските РК Вардар, РК Бутел и РК Металург во машка конкуренција.

-Имаме три дена турнири, по два натпревари дневно, така што во четврток на 9ти мај во првиот меч во 17 часот ќе се сретнат екипите на ЖРК Вардар и ЖРК Стружанка во првото полуфинале, додека нашата екипа ЖРК Куманово од 20 часот со директниот конкурент и во првенството и во купот, ќе игра со ЖРК Металург во второто полуфинале. Во петок на 10ти мај закажани се два дуели во машка конкуренција каде во првиот дуел настапуваат екипите на Металург од Скопје и екипата на Бутел, додека во вечерните часови од 20 часот актуелниот шампион на Македонија, РК Вардар ќе се сретне со Еурофарм во второто полуфинале, рече Никица Кипријановски, претседател на ЖРК Куманово.

Финалните натпревари ќе се одиграат во сабота. Од 16 часот е женското, а од 20 часот машкото финале. Билетите ќе имаат симболична цена. Два полуфинални натпревари може да се следат со еден билет кој ќе чини 60 денари, додека за финалните натпревари билетот ќе чини 100 денари.  Тие може да се купат во Кафе бар „Агора“ или онлајн на сајтот МКтикетс, а оние кои ќе сакаат да набават билет пред натпреварот тоа ќе можат да го сторат пред Спортската сала.

Со долгогодишно работење направивме екипа која е респектабилна во Македонија и може да се држи рамо до рамо со Металург и Вардар, рече претседателот на ЖРК Куманово, Никица Кипријановски, кој ги повика сите љубители на ракометот да уживаат во ракометниот спектакл.

-Моментално сме на второ место и уште сме во игра за првенството, така што имаме уште едно коло за играње, тоа е по Купот со Металург дома, додека Металург има уште една со Стружанка, така да евентуален пораз на екипата на Металург може да биде решавање на првенството во последното коло во Куманово, рече Кипријановски.

Резултатите кои ги постигнавме во последно време ни даваат надеж дека може да се постигне најголемиот успех кога е во прашање ЖРК Куманово, вели тренерот Ненад Краљевски.

-Нашите девојки се многу вредни и го чекаат натпреварот со Металург кој ни е конкурент и во самото натпреварување. Повеќе би се фокусирал на Купот. Металург низ натпреварувањето покажа дека има многу квалитетна екипа и дека имаат тренер кој многу тактички ја поставува играта, сигурно ќе има многу надмудрување и многу некои ситуации кои можеби не беа во првиот натпревар. Верувам во девојките бидејќи покажаа со својата работа и труд дека можат да постигнат високи резултати и овој пат би ги повикал сите љубители на ЖРК Куманово и градот да дадат голема поддршка за една млада екипа кој има исклучително убава можност да се запише во историјата на ракометниот клуб, рече тренерот Краљевски.

Натпреварот помеѓу овогодинешните најголеми ривали, Куманово и Металург ќе се одигра на 9ти мај со почеток во 20 часот во Спортска сала Куманово.

Коментари

коментар(и)