Куманово по трет пат се среќава со МЗТ

Кошаркарскиот клуб Куманово, вечерва гостува на екипата на МЗТ Скопје во Спортскиот центар „Јане Сандански“, кадешто ќе се одигра третиот финален меч од кошаркарската Супер лига. За сега Куманово во финалните плеј оф натпревари два пати претрпе пораз од кошаркарите на МЗТ, и на домашен и на гостински терен. Финалето се игра на три добиени натпревари, така што во случај на победа на кумановските кошаркари, следниот натпревар би се играл во Куманово, додека во случај на пораз, МЗТ ќе биде прогласен за победник на кошаркарската Супер лига. Натпреварот започнува во 19 часот во салата на МЗТ во Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)