Куманово: Регистрирани 30 нови случаи на КОВИД-19, починати се 2 лица

Во последните 24 часа се направени 2.362 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје –143, Куманово – 30, Битола – 18, Велес – 16, Струмица – 15, Прилеп – 14, Штип и Охрид – по 9, Тетово и Ресен – по 8, Кочани и Гевгелија – по 6, Кавадарци и Виница – по 5, Гостивар и Кичево – по 4, Свети Николе и Струга – по 3, Берово и Пробиштип – по 2, Делчево, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 557 оздравени пациенти од:
Скопје – 275, Битола– 52, Куманово – 49, Велес – 28, Прилеп – 25, Тетово– 21, Гостивар и Кочани – по 19, Струмица – 13, Свети Николе – 12, Кичево – 8, Гевгелија и Валандово – по 6, Пробиштип – 5, Берово– 4, Богданци и Кратово – по 3, Македонски Брод – 2, Струга, Неготино, Ресен, Радовиш, Виница, Крушево и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 27 починати лица: 8 од Скопје (51г, 68г, 70г, 72г, 72г, 79г, 81г и 88г), 5 од Битола (70г, 73г, 73г, 74г, 81г ), по 2 починати лица од Куманово (65г и 75г), Струмица (65г и 82г) и Крива Паланка (65г и 75г), по едно лице од Тетово (80г), Велес (74г), Кавадарци (64г), Струга (72г), Кочани (80г), Свети Николе (70г), Дебар (73г) и Демир Хисар (91г). 26 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент во домашни услови.

Направени се 2.362 тестови преку: ИЈЗ-395, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 1, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември – 9, Институт за микробиологија – 156, МАНУ – 74, Жан Митрев (Филип Втори) – 100, Авицена -183, Биотек – 481, Систина – 179, лабораторија Лаор – 275, Синлаб – 15, Ремедика – 39, Плодност – 58, Генеа – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 283.

Досега во земјата се направени вкупно 709.457 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.588, бројката на оздравени пациенти е 129.053, на починати е 4.677, а бројот на активни случаи изнесува 16.858.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)