Куманово со најголем број првачиња во државата

Бројот на новозапишани ученици е во постојано опаѓање, вели министерката за образование и наука, Рената Дескоска која денеска од Куманово на првиот училишен ден изрази надеж дека измените во наставните програми ќе го направат образовниот процес попривлечен за учениците.

Сепак општина Куманово има најголем број новозапишани првачиња, вкупно 7,5% од 20.000 ученици се на подрачјето на Општина Куманово.

Како што посочи министерката Дескоска, пад на бројот на запишани ученици се бележи и во средното образование, а според неа причината за таквиот проблем е иселувањето на цели семејства од државата.

На средбата со градоначалникот Зоран Дамјановски било разговарано за капиталните инвестиции во областа на образовниот сектор во градот.

Со градоначалникот разговаравме околу капиталните инвестиции кои што биле правени во оппштина Куманово, за жал Министерството за образование и наука досега го оставило Куманово и образованиот систем овдека без поддршка во делот на капиталните инвестиции, јас најавувама како министер за образование дека целта на ова Влада е да не прави разлика меѓу градоначалници од власта и опозиција, бидејќи интересот на децата треба да биде пред се и пристапот на помагањето на општините во капиталните инвестиции треба да зависи од состојбата во која се наоѓаат училиштата а не од тоас кој раководи со општината однсонсо коис е директорти на училиштата – изјави Дескоска.

Тој факт министерката го оправда и со вработувањето наставен кадар во сите општини каде за тоа се јавила потреба, без разлика кој раководи со локалните самоуправи.

Дескоска го посети и СОУ „Перо Наков“ од каде порача дека треба да се стави акцент за подобрување на статусот на стручното образование преку новите образовани реформи кои ќе ги направи министерството.

Денеска дојдов овде и во средно стручно овбразование да го промовираме стручното образование. Досега интерес имало за медицинско, економско, правно, останатите насоки на стручно образование се запоставени и не се атрактивни за учениците. Се надевам дека со измените кои што се прават во наставните програми  ќе поставиме систем кој што ќе ги привлече учениците. Правиме напори и договор со одредени компании со цел да се овозможи практична настава на учениците во овие правни субјекти, со цел тие да им овозможат настава која што ќе ги прави способни на пазарот на трудиот, на тој начин да ги отвориме вратите на поврзување на училиштата со бизнис секоторот, создавање кадри кои што ќе моижат да се вклучат во пазарот на трудот по завршуавње на средното образование – додаде министерката Дескоска.

Дескоска вели дека е свесна за проблемите кои ги има општина Куманово и вети во иднина еднаков пристап до инвестициските можности за сите локални самоуправи со цел да се подобри образованието на младите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)