„Куманово џез-фестивал“ во Центарот за култура

Кумановци, трета година по ред, ќе имаат можност да уживаат во звуците на џез-музиката. Во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во петок и сабота, во 20 часот, ќе се одржи џез-фестивал во организација на Институтот за наука, уметност, култура и спорт, со поддршка на Министерството за култура. Пред кумановската публика ќе настапат музичари од Македонија, Грција, Словенија и Босна и Херцеговина.

–Од нашата држава е бендот „Macedonian Dixieland“, кој ќе настапи на 20-ти како и „Thanos Stavridis trio“ од Грција, кое веќе многу добро го знаат кај нас, на 21-ви ќе бидат Васко Атанасовски трио кој ни доаѓа од Словенија и вечерта ќе ја затвори Аднан Тескереџиќ од БиХ. Доста добри, интересни музичари, оваа година со различни стилови на џез. Публиката во Куманово ќе може да слушне една интересна програма која досега кај нас во Куманово, па и во Македонија ја немало-истакна Филип Стевановски.

Организаторите истакнаа дека се среќни што е постигната целта, да се афирмира џез музиката и културата во Куманово.

-Иако бевме скептични 2017 година сепак за овие три години се покажа дека кај нашата публика па и пошироко публиката во Македонија па и надвор од тоа, навистина има сенс и потреба за ваков вид на музика. Од тој аспект ние го направивме фестивалот да биде традиционален и оваа година е веќе трета година по ред каде што се одржува со нови квалитативни и квантитативни елементи во тој поглед и се надеваме и веруваме дека и во иднина сето ова ќе продолжи да се одвива со несметано темпо како што се одвива до денеска – посочи Марјан Стевановски.

Билетите за фестивалот  веќе  се пуштени во продажба по симболична цена од 100 денари. 

Коментари

коментар(и)