Кумановската библиотека го збогати фондот со над 900 наслови во три одделни набавки на книги

Од библиотеката „Тане Георгиевски“ информираат дека имаат набавено 2381 книги, во три одделни набавки, на македонски, англиски, албански и на српски јазик, со што книжниот фонд драстично се зголемува. Набавките беа извршени во декември, а книгите наскоро ќе бидат достапни за читателите од Куманово. – Имаме набавено 917 наслови, претежно белестрика која е доста популарна меѓу читателите. Книгите на англиски јазик веќе се обработени и достапни за читателите. Збогатувањето на книжниот фонд е предуслов за посетеноста на нашата библиотека и секогаш се спроведува во насока на популаризација на книгата,  ова го изјави директорката на Библиотеката, Христина Алексовска. Минатата година библиотеката „Тане Георгиевски“ го збогати книжниот фонд  за 5060 книги или 1322 наслови литература на македонски, англиски, српски и албански јазик. Набавките се извршени во соработка со повеќе од 15 издавачки куќи, а набавени се белетристика, стручна литература, лектирни изданија. – Најбараните наслови кои во моментот се актуелни се набавени и обработени и веќе им се достапни на читателите. Унапредувањето на културата на живеењето се реализира преку поттикнување на читање кај децата од најмали години, развој на креативноста кај младите, поддршка на разноликоста на културите, додава Алексовска. Во текот на 2020 година зачленети се 1651 член во одделението за возрасни и 1632 члена во одделението за деца, со што библиотеката има над 6000 членови. – И оваа година ќе се одбиеме да ги следиме светските трендови и да им го понудиме најдоброто и најбараното на нашите читатели, а воедно се обидуваме да им всадиме љубов на најмалите кои ќе станат наши идни читатели, изјави Алексовска.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)