Кумановскиот музеј слави 51 година постоење

Националната установа Музеј Куманово одбележа 51-годишнина од формирањето.  Во повеќегодишно постоење овој музеј се афирмираше како значајна институција од музејската, научната и културно-образовна институција чии стручни лица, се ангажирани во теренски истражувања, за обработка на техничка и фото документација, духовната и материјалната култура во Куманово и регионот. Установата располага со над 6.000 експонати, почнувајќи од праисторијата па се до денеска. Навраќајќи се во минатото, директорката Анита Цветановска истакна дека со растот на музејот, се зголемува и работата на нови археолошки локалитети, се организираат бројни изложби од областа на археологијата, модата и слично.

-Ова е значаен јубилеј за нас. Минатата година го прославивме со една пригодна манифестација оваа година навршуваме 51 година од своето постоење и не го испуштивме одбележувањето на нашиот роденден со тоа што овој пат малку необично веќе можам да си дозволам да кажам дека музејот е и специфичен по своите настани во последно време. Го одбележавме со нашата позната модна ревија Современите модни трендови на 50-те, 60-те и 70-тите години на 20-от век но настанот се одржа во националната установа Археолошки музеј во Скопје-истакна таа.

Оваа установа е формирана на 21 декември 1964 година. Првично била именувана како Народен историски музеј Куманово, за да подоцна во 1979 година биде преименувана во Народен музеј Куманово.

-Музејската зграда се наоѓа и денеска во некогашната вила на богатиот индустријалец од Лесковац, Живко Стоиљковиќ која била изградена 1926 година со типичен белег на една стара градска архитектура. Самиот музеј се наоѓа во непосредна близина на центарот на градот во чиј што двор е сместен лапидариумот тоа е всушност постојана изложбена поставка на отворено која ја красат камени споменици од античкиот период што е изградена во 97 година.  Во своето повеќегодишно постоење музејот од 27 јули 2004 година е пререгистиран како Национална установа музеј Куманово-додаде директорката.

Составен дел на музејот е и Уметничката галерија која датира од 1967 година. Таа располага со 247 метри квадратни и важи за една од поубавите галерии на ниво на државата. Под музејот е и спомен куќата на народниот херој, Христијан Тодоровски Карпош која наредната година треба да се реновира, но и Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Директорката Цветановска ја искористи можноста и на сите музејски работници им посака уште поголем успех во натамошниот период.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)