Кумановските боксери брилираа на државното првенство

Второ и петто место освоија членовите на Кик бокс и ММА клуб Куманово на Државното првенство кое изминатиот викенд се одржа на скопскиот саем, а каде учество зедоа 100 натпреварувачи од 25 клубови од државата.

Давид Спасовски во јуниорска конкуреција го освои второто место во категоријата кик лајт до 79 килограми. Ова е прв настап на Спасовски на првенството каде во финалето и покрај тоа што одлично му се спротистави на противникот од клубот „Енерџи“ од Битола не успеа да дојде до златниот медал.

Лука Велковски настапи во кадеткста конкуренција, каде во четврт финалето во дисциплината кик-лајт до 65 килограми беше поразен на поени од противникот од Тетово. И за Велковски ова е прв настап на спортски настап од ваков тип.

Пред почетокот на државното првенство се одржа и семинар на кој присуствуваа сите претседатели, тренери и судии од клубовите од државата каде се разговарало за успешната работа, но и за идните планови за развој на овие спортски дисциплини кај младите во државата.

Тренерот и претеседател на Кик-бокс и ММА клуб Куманово 2006, Сашо Илиевски оствари и средба со претседателот на федерацијата, Дејан Митровски Урко, а на која разговарале за можно одржување на следното државно првенство токму во Куманово.

Акцент бил ставен и за претстојното европско првенсто кое во октомври треба да се одржи во Скопје, а со цел да се подготват младите натпреварувачи во што поголем број да ја претставуваат македонската репрезентација во европки рамки.

Кумановскиот клуб го има и најдобриот кик-боксер во државата, откако и оваа година Филип Наковски стана државен шампион.

Коментари

коментар(и)