Кумановски акцијаши организираат хуманитарна акција

Здружението за доброволна волонтерска работа Кумановски акцијаши организира новогодишна хуманитарна акција за помош на деца со посебни потреби од социјално загрозени семејства насловена Биди хуман, подари.

Акцијата започнува денеска а ќе трaе до 27-ми месецов. Здружението ги повикува сите хумани граѓани  правни лица во рамки на своите можности да се вклучат во акцијата.

Помошта може да биде изразена во новогодишни пакетчиња или парични средства, а треба да се достави во просториите на клубот месна заедница Бедиње.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)