Членови на здружението Кумановски акцијаши на предлог на граѓаните ќе чистат на повеќе локации во центарот, но и во периферијата. Првата акција ќе се одржи во сабота во населбата Гоце Делчев. Од здружението се надеваат дека ваквите акции ќе ги поттикнат кумановци и тие да придонесат за поубава животна средина.
-Ги повикуваме сите граѓани кои се слободни и подготвени да дојдат да се придружат со добар муабет, активност, мисла и нивниот двор или простор да бидат чисти да нема несакани последици или животни, за да децата слободно шетаат во своите дворови, паркови и така. Имаме локација според програмата во населба Гоце Делчев, таму имаме поголем терен за обработка мора да го средиме тој дел,-изјави Звонко Величковски, секретар Кумановски акцијаши.
Од здружението додаваат дека при ваквите акции секогаш имаат поддршка од локалната самоуправа и јавното претпријатие Чистота и Зеленило, кое им ги обезбедува потребните алатки.
По акцијата во населбата Гоце Делчев, членовите на Кумановци акцијаши е планирано да чистат во село Режановце.