„Кумановски акцијаши“ со благодарница за градоначалникот

Здружението Кумановски акцијаши денеска додели благодарници на општината, градоначалникот  Зоран Дамјановски и секретарот Валентина Алексовска, за успешната соработка во 2016 година. Претседателот на здружението, Јусуф Љатифи истакна дека без нивна поддршка нема да можеле да реализираат ниту еден проект.

-Најзначајните проекти со општината се Eко Kуманово 2016 година кој започна во јуни и заврши во јули. Наредна активност беше испраќање на волонтери на работна акција во Краљево каде се работеше на терен кој беше поплавен и она што беше најзначајно и чест е што општината не задолжи да бидеме претставници во расчистување на последиците од поплавите во скопско-посочи тој.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски изрази благодарност за признанието и нагласи дека оваа соработка треба да биде пример како може да функционираат со останатите граѓански здруженија. Тој потсети и на  проектот Моето маало, за чистење и уредување на одредени локации во градот, во кој беа вклучени Кумановски акцијаши и младинскиот клуб на СДСМ.

-Ова ни дава една силна верба дека граѓанските здруженија се иднина на организирање на граѓанството во решавање на нивните проблеми од секој сегмент а пред се ова е пример како треба граѓанството директно да влијае на локалната самоуправа и да ги потенцира своите капацитети во однос на решавање на одредени проблеми-посочи тој.

За успешната работа здружението Кумановски акцијаши годинава го доби највисокото општинско признание, Ноемвриската награда. Инаку претседателот на Кумановски акцијаши најави дека од април ќе започнат со проектот Куманово 2017-та, кој се однесува за чистење на крејбрежието на Липковка и Кумановка, во должина од околу 10 километри. Во чистењето ќе бидат вклучени акцијаши од Скопје и Охрид, Феријален сојуз на Македонија, и Сојузот на извидници.

-Во период од 2 месеци секој викенд ќе работат околу 200 млади волонтери. Целта е да се расчисти крајбрежието знаете и сами дека има диви депонии, минатата година локалната самоуправа со јавното претпријатие Чистота и Зеленило ги започна тие активности ние само се вклучуваме во нив-додаде Љатифи.

Дамјановски потсети на минатогодишните акции и додаде дека нивното учество во чистењето на речните корита ќе биде значајно.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)