„ Кумановски акцијаши “ со бројни активности

Куманово годинава слави пет века од своето постоење. Во одбележувањето на овој јубилеј со свои активности се вклучува и здружението на граѓани „Кумановски акцијаши“  согласно утврдената годишна програма за работа. Еколошки акции и активности околу трасирање и тампонирање на патните правци до неколку верски објекти во кумановско е само дел од она што ќе се реализира од членовите на „Кумановски акцијаши“.

-Првата активност ќе биде една работна акција во соработка со СВР Куманово и Општина Старо Нагоричане за расчистување на една депонија, останува само да се договориме околу датумот. По повод 21 март – денот на пролетта веќе е договорена еколошка акција во село Драгоманце во основното училиште.  Од областа на заштитата и унапредувањето на локалитети од категорија на споменици на културата и историјата од втората половина на март започнуваме со активности за трасирање на патот до споменикот џамија Коџа Мехмет Бег во село Табановце која е една од најстарите џамии на Балканот и тампонирање на патот до манастирот Карпино, изјави Јусуф Љатифи, претседател на ЗГ „ Кумановски акцијаши “  а потоа следуваат меѓународните активности.

Според Исламската верска заедница, овој објект датира од 1380 година. Џамијата е прогласена за значајно културно наследство на Македонија во 2008 година  и е дел од 38 –те верски објекти кои се заштитени со закон во Македонија. Џамијата е под надлежност на Исламската верска заедница.

Што се однесува до Карпински манастир или Воведение на Пресвета Богородица е манастирски комплекс сместен во близина на селото Орахкумановско.

Основан е во 14 век, а  бил обновен во 19 век.

Карпино е позната скрипторска школа од 16 век, Според податоците од Институтот за македонска литература, во манастирот Карпино живееле над 300 калуѓери и тој важел како црковно – духовно и културно јадро за овој регион. Оригиналните ракописи, кои сега се наоѓаат во МоскваСофија и во Белград, сведочат за препишувачката школа и за постоење на ќелијно училиште.

Комплексот  е руиниран и пред распаѓање , а подолг временски период не се презема ништо тој да се зачува.

Во манастирот комплекс Воведение на Пресвета Богородица се организираше и ликовната колонија Карпино oд 2002 –та година.

Во рамките на програмата предвидена е и меѓународна средба на акцијашите во Србија на крајот на месец март годинава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)