„Кумановски акцијаши“ ќе избира Најдобро еко семејство

Здружението „Кумановски акцијаши“  ќе избира Најдобро еко -семејство . Сите семејствата со индивидуални дворови во Куманово кои што сакаат да бидат дел од еко -натпреварувачкиот конкурс објавен од „Кумановски акцијаши “ , тоа можат да го сторат електронски на е-маил адреса на здружението за доброволна волонтерска работа. Пријавувањето е отпочнато и веќе две семејства аплицирале за  натпреварот , вели претседателот на Кумановски акцијаши, Јусуф Љатифи. Конкурсот е во рамките на годинашниот проект  „Зелено Куманово“ , со кој се настојува  да се поттикнат еколошките активности на граѓаните , а воедно да се подигне нивото на еколошката свест кај  кумановци.

-Во оваа сфера ќе бидат опфатени само семејствата со индивидуални дворови кои имаат задача во континуитет во периодот од  мај до декември да водат грижа за својот двор , уредување и унапредување  на дворот, да се грижат  за делот што го зафаќа дворот од улицата и повремено да се приклучуваат на еколошките акции организирани од Кумановски акцијаши или самите се организираат. Пријавувањето е започнато со тоа што направивме мала корекација на конкурсот  со што даваме можност и на младите до 21 година да се  вклучат во еколошките активности во нивното маало. Пријавувањето е исто како и за семејствата до 30 април. Има веќе две пријави, изјави Јусуф Љатифи, претседател на здружение „Кумановски акцијаши “.

Пријавувањето ќе трае до 30 април годинава, а наградените семејства ќе бидат објавени во јануари наредната година.

-Секој месец посебна комисија сочинета од претставници на „Кумановски акцијаши“ , на Опшина Куманово и на јавното претпријатие „ Чистота и зеленило “ ќе врши избор каде што месечно ќе се доделува преодно еко знаме и на крајот семејството кое што има соберено најголем број на преодни знамиња добива награден викенд- тридневен, а второ и трето пласираните добиваат два наградни излета , едниот  ќе биде на Попова шапка , а другиот  на  Пелистер. Со оглед дека сумирањето на сите резулатти ќе биде во јануари во договор со самите семејства  тие можат да ги искористат наградите кога сакаат но најдоцна до 31 мај годинава , изјави Љатифи.

Со оглед дека „Кумановски акцијаши“  за првпат ја организираат активноста, надлежните очекуваат петнаесетина семејства да земат учество во натпреварувањето надевајќи се дека бројката наредните години континуирано ќе расте.

Коментари

коментар(и)