Кумановски велосипедисти – шампиони на Македонија

Тројца велосипедисти од кумановскиот клуб Вело-М се стекнаа со титулата шампион на Македонија, на Државното првенство во Стоби. Првак во јуниорската категорија е Денис Колевски во дисциплината хронометар, а Зоран Ристовски е актуелниот шампион во мастерс дисциплината, додека во елитната категорија, Стефан Петровски се стекна со титулата шампион за 2015 година во дисциплината хронометар. Спортскиот директор на Вело-М Куманово, Марјан Петровски, нагласи дека со овие постигнувања, се докажува успешноста на кумановските велосипедисти.

 – За самиот клуб овие резултати значат многу, затоа што го одржуваат клубот на врвот на македонскиот спорт и го вреднуваат овој спортски клуб. За нашиот град ова значи многу, бидејќи велосипедизмот во Македонија, односно нашата Општина за велосипедскиот спорт на Македонија повеќе од три децении се вбројува за седиште на македонскиот велосипедизам, вели Марјан Петровски, спортски директор на Вело-М.

Според Петровски, во градот постои голема заинтересираност за натпреварувачкиот велосипедизам. Како што додава тој, 90 отсто од македонскиот национален тим го сочинуваат велосипедисти од клубот Вело-М.

 – Велосипедскиот спорт има голем развој во последните 4 години. Ние како клуб претежно работиме на велосипедисти натпреварувачи иако оние кои се заинтересирани за развој на рекреативниот велосипедизам сите заинтересирани се наши членови и тука бројката е поголема, додава Петровски

 Во овој момент, четири велосипедисти од Вело-М се натпреваруваат на Светскиот куп во Анкара, кадешто се стекнуваат со бодови за пласман на олимписките игри во Рио Де Женеиро. Клубот, најголеми резултати очекува од нивниот член Андреј Петровски, вели спортскиот директор на Вело-М.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)