Кумановски лекари ќе се едуцираат во странство

Околу десет лекари, специјалисти од Здравствениот дом и Итната помош, како и една медицинска сестра, наскоро ќе заминат на едукација во реномирани медицински центри во Бугарија и Турција.  Едукацијата е со цел проширување на знаењата, вештините и искуствата на докторите и нивна примена во македонскиот здравствен систем. Овој проект континурано, веќе три години го спроведува Министерството за здравство.

-Во Здравствен дом е во тек одредување на доктори кои ќе бидат упатени на едукација во Истанбул има две болници кои прифаќаат доктори, таму ќе бидат упатени лекари  од Итната помош, наши специјалисти, дел од доктори во болницата Токуда во Софија, каде ќе присуствуваат на одредени одделенија и ќе учат или ќе усовршат одредени методи од некоја област-истакна директорот на Здравствениот дом, Миомир Панковски.

Зависно од областа на лекарот, едукацијата може да биде во времетраење од 15 дена, еден или три месеци. Од почетокот на имплементација на проектот, досега на едукација во странство се испратени 1.400 здравствени работници.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)