Кумановски планинари го искачија Титов Врв

Околу 22 кумановски планинари од друштвото „Козјак 2013“ зедоа учество на 34-то традиционално искачување на Титов Врв. Планинарите продолжениот  викенд го искористија за искачување на вториот највисок  врв во земјава, кој се наоѓа на  2 747  метри надморска височина. Попатно движејќи се кон Титов врв дел од планинарите  се искачија и на други врвови сместени на Шар Планина. На манифестацијата освен од земјава учествуваа и планинарски друштва од регионот.

-Поголемиот дел се искачуваа по познатата Ваквска патека додека околу 5 планинари се искачуваа по зимската патека што води преки Церипашина, Антени, Бакрдан и искачувањето се заврши на Титов врв. Титов врв е доста атрактивен и се искачува често и во летни и во зимски услови. Оваа манифестација се одржува секоја година на крајот од месец мај и е во организација на планинарското друштво „Љуботен“ од Тетово, вели Виктор Венцовски, член на планинарско друштво „Козјак 2013“.

Шар Планина е една од најубавите во земјава, а искачувањето на нејзините врвови претставува одлична рекреација и подготовка за освојување на повисоки врвови  во светот. Четири планинари од друштвото „Козјак 2013“ во 2010-та година го искачија Монт Блан, највисокиот врв на Алпите кој се наоѓа на 4 807 метри надморска височина. Предизвик за планинарите од оваа друштво следната недела ќе биде највисокиот врв на Балканот, Мусала висок 2925 метри кој се наоѓа на  планината Рила, во соседна Бугарија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)