Кумановски фотограф со меѓународни награди

Петнаесетгодишниот Дарио Каролија од Куманово, кој е ученик прва година во средното техничко училиште  „Наце Буѓони“, вртоглаво се искачува на врвот за најдобар млад фотограф. Иако само три години се занимава со фотографијата, тој веќе има постигнато значителен успех. Дарио освои прво место за колекции, на меѓународниот натпревар, кој што се одржа во Србија, но и на натпреварот во Полска, на крајот на минатата година.

-Сега за сега ми се тие две награди и тоа ме поттикнува уште повеќе понапорно да работам и да освојувам и повеќе награди на некое повисоко ниво, на некои светски фото организации-истакна тој.

Вели дека најмногу сака да слика пејсажи, портрети, како и различни приказни од секојдневието.

-Прв пат со фотографија почнав да се занимавам од 2012 година кога бев на одмор во Тунис имаше исто така еден фотограф кој што ме привлече со апаратот. Ми беше интресно да пробам и јас да фотографирам и мислам дека некаде се пронајдов во фотографијата-додава тој.

Инаку младиот Дарио е член на новоотворениот фото клуб Куманово, кој засега брои околу 20-ина лица. Владимир Јовановски од фото клубот наведе дека моментално постои голем интерес кај младите за фотографирањето.

-Фото клуб Куманово е млад клуб, нов, формиран е минатата година  и во своето јадро содржи и млади фотографи и постара генерација фотографи. Постарата генерација фотографи се искусни и реномирани фотографи кои го пренесаат своето знање на помладите, нормално дека постои интерес во макеоднија генерално и на светско ниво денеска се продуцираат толку многу фотографи како што никогаш не биле продуцирани во историјата така што има некој бран на популаризација и тоа се гледа и кај младите во Куманово-наведе тој.

Инаку Фото клуб Куманово организира и бесплатен курс за фотографија. Тие ги повикаа сите лица кои што се заинтересирани за оваа уметност да се пријават на нивниот конкурс.

mlad fotograf

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)