Кумановци без вода – политиката продолжува

Поголемиот дел на град Куманово, утринава од 10 часот остана без вода. Денеска, освен високите, со недостиг на вода се соочуваат и средните зони на градот. Директорот на „Водовод“, Горан Стојковски, изјави дека е прекинат дотурот на сирова вода по бајпасот, а од „Водостопанство“ нема добиено никаков одговор за тоа што навистина се случува.

– Последна информација што ја имаме од страна на Кумановско-липковското поле е од 30-ти јули, дека имаат дефект и дека работат на дефектот. Во моментов сите ни се недостапни од Кумановско- липковското поле за да можеме да добиеме информација за што се работи. Ако имаат проблем со дефект им стоиме на располагање со наши луѓе и механизација да излеземе на лице место и ние да го решиме дефектот за да Куманово има нормално водоснабдување, изјави Стојковски во телефонски разговор.

Од „Водостопанство Кумановско-липковско поле“, го обвинуваат Стојковски за лошо распоредување на водените ресурси. Оттаму велат дека проблемите со дотурот на вода во Куманово настанале откако Стојковски дошол на директорската функција во „Водовод“. Емрља Укшини побара оставка од Стојковски, тврдејќи дека тој е некомпетентен да си ја изврши својата работа.

– Ако ве интересира за бај пас, има вода по бај пас, ако ве интересира за вода, зошто град Куманово нема вода, одговорен е директорот на Водовод ,Горан, зашто лошо менаџира со целата состојба. Откако е дојден он има проблеми со вода во град Куманово. Ние како водостопанство одговараме за количините на водата и дотурот на вода до филтер станицата. Тој дотур е обезбеден, а другите работи се надлежност и одговорност на ЈП „Водовод“, изјави Укшини во телефонски разговор.

Укшини за наредната недела најави прес конференција преку која во јавноста ќе ги соопшти, како што вели, сите пропусти и недостатоци во ракводењето на Стојковски. И покрај тоа што од недостигот на вода најголема штета имаат граѓаните, кои редовно ги плаќаат сметките, политичките препукувања, помеѓу двете јавни претпријатија, не престануваат.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)