Кумановци возат брзо, но и под дејство на алкохол

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на изминатата недела преземени се мерки и активности и констатирано е дека 67 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 78 возачи, од нив 46 возачи кои што возеле под дејство на алкохол и 32 возачи кои што управувале возила пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило. СВР Куманово информира дека во истиот период од сообраќај се исклучени 24 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и седум возачи поради некористење сигурносен појас, 31 возач поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, 15 лица поради престигнување и двајца возачи поради непрописно престројување. Во текот на изминатата недела издадени се 358 мандантни платни налози, 96 прекршочни платни налози и 59 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“, информираат надлежните.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)