Кумановци во паника бидејќи ќе останат без дрва

Кумановци кои што користат дрва за грејната сезона, се во паника дека претстојната зима ќе останат без огрев.  Велат дека дрва нема во приватните складишта во градот, а оние што ги има се прескапи за нивните стандарди. Додаваат дека се принудени да чекаат до последен момент за да поефтинат, по тогаш да ги набават или пак да се одлучат за друга алтернатива за греење.

-Секоја година се греам на дрва, но оваа нема. Собрав пари, да купам но нема дрва, има на некои места но скапи се околу 3.800 денари.  Со оваа цена скупо излегува, подобро на електрична енергија бидејќи скапи се сега-велат граѓаните.

Тие додаваат дека претходните години дури во пролет купувале дрва, но сега чекаат до октомври. Велат поради постојаниот раст на цена, еден кубик бука, со сечење ги чини речиси 4.000 денари.

Јавното претпријатие „Шумско стопанство“ Куманово негира дека постои криза со огревно дрво. Директорот Ваит Саити вели дека располагаат со доволни колични и годинава нема да има проблем за жителите на Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Тој додава дека во август и септември е ударно и има најголема побарувачка на дрва.

-Моментално имаме 7-8 илјади кубици кои се спремни за носење. Имаме проблем малку со камиони, бидејќи тие се стари. Но мислам дека ќе добиеме зголемување на возниот парк и сите граѓани на општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане ќе бидат задоволени-нагласи Саити.

Директорот на Шумско стопанство додава дека годинава цената на бука која што е најбарана изнесува 2.371 денари метар кубен. Инаку тој нагласи дека во наредниот период е предвидено да ги снабдат со дрва училиштата и синдикалните организации.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)