Кумановци ги вакцинираат своите деца

Кумановци се совесни родители. И покрај тоа што годинава се водеше кампања против вакцинацијата сепак најголем дел од граѓаните на Куманово редовно ги донесуваат своите бебиња во Детскиот диспанзер, велат надлежните. Вакцинацијата за едно новороденче е неопходна бидејќи превенира и спречува повеќе заразни болести.

-Обично се почнува при раѓање на детето со вакцината бе- се- же хепатит се дава во родилиште потоа се продолжува со вакцинација на два месеца,  сега се дава од новите вакцини. Со полни два месеца се почнува со шестовалентната вакцина, на три ипол месеци се дава петовалентната вакцина, на пет месеци шесто и на 18 месеци петовалентна вакцина, изјави др.Лејла Јашари, Детски диспанзер- Вакцинација

По  вакцинирањето може да се јави зголемена температура кај децата, вознемиреност, плачливост, но тоа не се симптоми поради кои би требало да се плашат  родителите, посочуваат лекарите.

-Апелирам до родителите да не се плашат да ги донесат децата на вакцинација, нема потреба да се плашат, подобро е за децата да се вакцинираат, тоа е заштита и превенција од заразни болести, изјави др. Јашари

Со зголемениот број на невакцинирани деца расте и можноста за појава на некои тешки заразни заболувања. Целта на вакцинирањето не  е само да се заштити детето кое се вакцинира туку и да се искоренат некои болести на глобално ниво. Инаку,  во Куманово месечно се раѓаат од 60 до 70 бебиња, што значи дека за една година околу 800 новороденчиња треба да подлежат на имунизација.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)