Кумановци го поддржаа протестот против образовните реформи (ВИДЕО)

„Стоп за укинување на печатените учебници“, „Стоп за укинување на историјата како предмет“, „Законот генерира нови проблеми во образованието“ се само дел од пораките што беа упатени од вчерашниот протест против најавените образовни реформи, пред се дигитализацијата до надлежното министерство. Од граѓанската иницијатива  „Учебници и настава мора да има“ посочуваат дека дефинирале осум приоритети без кои нема да прифатат било какви понатамошни постапки околу примената на концептот за образование.

Учесниците на протестот што се одржа на градскиот плоштад, како што велат не се против реформите и дигитализацијата на образованието, туку се против начинот на кој тие се носат по скратена постапка.

-Реформите се донесени по скратена постапка со т.н. европско знаменце без да биде запознаена јавноста и да се почитува мислењето на релевантни чинители во процесот. Тоа е хартиени учебници задолжително да останат за сите одделенија, да се исклучи сеопфатно родово-сензитивно образование во основното образование, етика на религиите да остане изборен предмет, да не се спојуваат два или повеќе предмети во еден, да нема кратење на фондот на часови по одредени предмети, да се создадат соодветни услови за инклузија на децата со посебни потреби, да се креираат протоколи за одржување на настава во услови на пандемија и задолжително учество на претставници и стручни лица од граѓанската иницијатива во работните групи за реформи во образованието, изјави Соња Зафировиќ од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“.

Ова е втор мирен протест во Куманово во организација на граѓанската иницијатива „Учебници мора да има“ . Протести се одржаа и во другите градови.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)