Кумановци заинтересирани за приклучок на гас

Јавното претпријатие „Куманово гас“ продолжува со проширување на гасоводната мрежа во градот. Откако беа завршени градежните работи на улицата Пионерска, работата се префрли на улицата Кирил и Методиј, а наскоро ќе започне и на Иго Тричковиќ, Егејска Македонија, дел од Моша Пијаде и на многу други локации предвидени во програмата. Како што објаснуваат од претпријатието иако се зголемува интересот за приклучување на гасоводната мрежа, граѓаните се уште не се доволно запознаени со бенефитите кои што ги нуди овој природен енергенс. Од таму додаваат дека покрај домаќинствата, речиси сите нови згради  воведуваат гас. Цената за приклучок чини 800 евра со можност на плаќање на 12 рати. Инаку метер кубен гас или 10 киловати струја, ќе ги чини кумановци 20 денари, што споредбено изнесува 20 наспроти 55 денари. Кумановци се согласуваат дека се работи за најефтино но и најеколошко греење.

-Јас сум заинтересиран како и многу граѓани на Куманово, гасот е еден од најдобрите енергенси што се користат не загадува, најчист, со добра топлотна моќ и би требало што побргу да го добиеме како енергенс во нашиот град-вели еден граѓанин.

-Секако дека е исплатливо, економски, и тоа требаше одамна да се направи, заинтересиран сум за приклучок зошто да не, еколошки е чисто, ефтино-додава друг.

На гасовод во градот веќе се приклучени бројни домаќинства, станбени објекти, училиштата Кочо Рацин, Браќа Миладиновци, Крсте Мисирков, Перо Наков, Гоце Делчев, градинките Синоличка, Развигорче и Кокиче,  неколку  верски објекти, општината како и јавните претпријатија.

gas-2

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)