Кумановци заинтересирани за џокер играта на Лотарија

Кумановци се оптимисти дека џокер играта ќе ги однесе под Среќната ѕвезда на Државната лотарија на Македонија. Велат дека редовно уплаќаат џокер, без оглед дали играат лото комбинација.

Љубителите на игри на среќа кои што ги нуди Државната лотарија на Македонија се заинтересирани за играта Џокер. Кумановци велат дека редовно играат џокер. Дополнуваат дека се задоволни со измените од април, со што им се дава можност да напишат џокер, иако не уплатиле ниту една лото комбинација.

-Обавезно уплаќам по 1 џокер, овде посебно го имам еден џокер, чиста среќа е, знаете шест тркала се вртат одеднаш играм откако постои лото, нонстоп, но досега нема добиено, очекувам добивка-вели еден кумановец.

-Џокер играм јас често, не играм само лото, секогаш уплаќам и лото и џокер. 10 следам, тие не излегуваат потоа играм 2 колони, од нив ги препишувам истите во наредните две, па од нив вадам четири. Кој игра ќе добие, треба да бидеш упорен-дополнува друг граѓанин.

Од новото уплатно место, кое се наоѓа во населбата Гоце Делчев нагласуваат дека голем дел од љубителите на игрите на среќа во Куманово, ги разбираат добивките на џокер, но има и такви кои се уште мислат дека не знаат како се игра, иако за тоа не е потребно никакво предзнаење, туку чиста среќа.

-Секој граѓанин уплаќа различно, на пример ако играат само џокер тогаш уплаќаат по повеќе броеви, кога имаат лото најчесто 2-3 броеви, вака одделно играат и повеќе-нагласи Милан Младеновски.

Џокерот е шестоцифрен број кој се генерира по компјутерски пат. Уплатата на еден џокер број како и досега чини 20 денари, а премијата изнесува дури 600.000 денари.

-Важно е да се спомене дека џокерот има шест категории, шестата е со еден погодок, неговата добивка е фиксна и изнесува 20 денари, тоа значи дека треба да има еден погоден број без оглед дали се работи за читање од лево кон десно или десно кон лево, втората, третата, четврта и петта категорија нивната цена не е фиксна и зависи од самиот фонд на добивки. Шестата категорија е со сите шест погодоци која моментално изнесува 600.000 денари-посочи Ангела Антевска.

Кумановци се оптимисти дека играта џокер ќе им донесе радост, па наскоро ќе се најдат под Среќната ѕвезда на Државната лотарија на Македонија.

Коментари

коментар(и)